Поминаа шест години од смртта на пејачката Витни Хјустон, а нејзиниот поранешен сопруг Боби Браун открива дека не верува дека за смртта на пејачката е виновна дрогата, иако при аутопсијата во нејзинот организам е пронајден кокаин.
“Не мислам дека Витни почина од дрога” изјави Браун за магазинот Ролинг Стоун и додаде “Навистина напорно работеше на тоа да остане трезна и да се исчисти”. Тој смета дека таа починала од “скршено срце”.
Витни е пронајдена удавена во када во собата во хотелот Беверли Хилтон во Калифорнија на 11 февруари 2012 година. Токсиколошкиот наод потврдил дека во крвта има 0,58 микрограма кокаин во еден милилитар крв. Исто така се пројнадени траги од марихуана и лек против алергија бенадрил.