Празничната трпеза е најчесто богата со калорични и мрсни производи кои се тешки за варење, па ви предлагаме два волшебни и вкусни напитоци од портокал кои ќе ви помогнат да го поттикнете варењето, да ослабнете и да го прочистите организмот.
1. Детокс сок од портокал со лимон и со мед
Потребни се: 4 исцедени портокали, 1 мала лажичка сок од лимон, 1 мала лажичка мед.
Помешајте ги сите состојки и уживајте во вкусот.
2. Детокс фрапе од портокал
Потребни се: 2 исцедени портокали, 2 дцл јогурт, 1 банана, 1 мала лажичка сок од лимон, 1 мала лажичка мед.
Сокот можете да го испиете наутро на гладно и помеѓу оброците, додека пак фрапето може да биде извонредна замена за ужина или за вечера.