Потребни состојки:
- 20 гр. пивски квасец
- 20 гр. ким
- 1 жолчка
- 200 мл. вода
- 500 гр. брашно
- 50 гр. путер
- Малку сол
Подготовка:
Во брашното направете вдлабнатина и во неа ставете ги пивскиот квасец растворен во малку млака вода, путерот, 200 милилитри вода и кимот, потоа се замесува хомогено тесто. Додајте уште вода ако е потребно. Формирајте топка, покријте ја со крпа и оставете ја да отстои 2 часа на собна температура.
Потоа тестото поделете го на повеќе врвки со дебелина 1 цм и должина од 50 цм. Секоја врвка оформете ја во вид на перек и залепете ги краевите.
Переците ставете ги врз плех и премачкајте ги со жолчка, изматена во малку вода.
Посипете ги со крупна сол и ким, па оставете ги да отстојат кратко време. Потоа печете ги на 200 степени 30 минути. Добар апетит!