Наредното видео прикажува неверојатен момент кога возрасна лавица по првпат после долго време се среќава со човекот кој ја отхранил како младенче.
Киара, која го добила името по една улога од филмот „Кралот на лавовите“, скокнала во прегратка на својот поранешен сопственик откако после долго време повторно се сретнале во нејзиниот нов дом во Мексико Сити.
Адолфо ја спасил уште додека била младенче, но потоа ја предал во Центарот за заштита на големи мачки кој го основал мексиканскиот бизнисмен Едуардо Серхио.
Во центарот живеат околу 300 „големи мачки“ вклучувајќи лавови, јагуари, тигри, леопарди, пуми…
https://www.youtube.com/watch?v=CIE67ov5Dv0