Поп sвездата Нина Бадриќ е една од ретките пејачки кои музичката кариера ја изградила врз основа на добрите песни, а не скандали.
Многу често пред ТВ екраните може да ја видиме без шминка и во сосема природно издание.
Со доаѓање на топлото време и високите темпратури луѓето го користат слободно време за да заминат и некаде да се освежат.
Така беше и со Бадриќ, која замина на Хвар, каде што има и своја куќа и слободното време го користи за да замине таму и да ги наполни батериите.
Нина го искористи сончевото време, за да замине на плажа и во црно бикини ја покажа својата одлична фигура на која многумина може да и позавидат. И во четвртата деценија од животот, Бадриќ има со што да се пофали, а од нејзините следбеници на Инстаграм доби само комплименти.