Заради овие четири работи сте сами

popara9 јануари, 20181min00
Trust-is-a-Must-Why-Trust-is-Important-in-a-Relationship

Парадокс е дека речиси секој сака да е во емотивна врска и да осети љубов, а притоа се плаши од истото. Многу самци се плашат од помислата да запознаат партнер, бидејќи се плашат дека ќе бидат повредени. Исто така, мислите за минатите лоши искуства, неверство, понижувања и одбивања, може да се блокада во наоѓање на партнер.

Related image

Ако некоја од следниве работи ви се врти низ памет, може да е една од причините поради која сте сами:

  • Страв од неверство – немојте да се оптоварувате себе си со мислите за невество при запознавање на нов партнер. Доколку веќе еднаш или два пари сте биле повредени, тоа не значи дека сите парнети се исти. Запаметете дека минатите лоши искуства не ве дефинираат и дека иднината може да донесе нешто ново и поубаво, што ќе ја избрише цела болка од претходните парнети. Кога ќе го најдете вистинскиот партнер, болката ќе исчесне, а вие повторно ќе бидете полни со љубов.
  • Не сум способен да пронајдам љубов – постои изрека која вели: за секое грче, има капаче. За секој има соодветна личност и љубовта ќе го најде правиот момент. Клучот е да размислувате дека таа постои. Како очекувате да најдете љубов, ако не верувате во неа? Важно е да знаете дека некаде таму, љубовта ве чека и дека ако имате позитивен став, наскоро и ќе ја пронајдете.
  • Личноста која ми се допаѓа нема да го сака вистионскиот јас – иако звучи како клише, ова е многу точна изјава: прво мора да се сакате себе си, за да засакате некој друг. Не можете да очекувате дека партнерот кој ќе го најдете ќе ве исполни како личност. Морате прво да се засакете себе, а не да чекате потврда дека заслужувате да бидете сакани. Љубавта спрема себе си, во нормални граници, е здрава. Бидете искрени и никогаш не се преправајте дека сте нешто што не сте.
  • Веќе пробав се – кога се зборува за љубовниот живот, состаноците и запознавањата, верувајте дека не сте направиле баш се. Најверојатно, вие до сега сте направиле се што не давало позитивни резултати. Излезете од собата, излезете од канцеларијата, одете на ручек, почнете разговор со странец во автобус, нормално, ако имате желба за тоа. Во поголем број случаи, кога ги игнорирате своите инстикти, пропуштате можност да сретнете луѓе кои би можеле да остават печат на вашиот живот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag