Ѕвездите често имаат чудни желби и барања, но овој музичар можеби ја има најчудната зависност до сега.
Црвенокосиот британски музичар е постојано на врвот на топ листите со своите хитови, а воодушевува освен со својот глас и со својот мирен карактер и скромностa. Сепак, има една работа без која тој не може и не сака да се одрече по никоја цена.
Имено, славниот пејач е зависен од кечап и неговото обезбедување или членовите од неговата екипа, секогаш мора да имаат шише кечап, особено ако настапува на луксузна локација каде не служат кечап.
„Должноста на целата екипа со него е да имаат шише кечап во секој момент, доколку Ед сака да јаде, од колбаси за доручек, до вечера во ресторан“, рекол член од вработените.
За големината на љубовта кон овој производт, кажува и тетоважата која ја има тој на својата рака.