Кристина Волтон од Лас Вегас е новата светска рекордерка во должина на ноктите на рацете, кои нараснале до запрепастувачка должина од 309.8 сантиметрина левата и 292.1 сантиметар на десната рака.
Кристина има 45 години и е талентирана пејачка, која настапува по клубовите под името “Војвотка”
“Најтешко ми е кога нешто морам да извадам од џеп, а и кабелот од правосмукалката редовно се заплеткува во моите нокти” се пожалила Кристина која пред 18 години помислила дека нема потреба да користи ноктарче бидејќи баш и се допаѓале израснатите природни канџи.
Одлуката ја почитувала до ден денес. Затоа должината на нејзиниот нокт на палецот на десната рака е колку просечна скејтборд даска.
“Војвотката” ги бои ноктите во златна боја со сјај и тоа сама. Се пожалила дека неможе да носи секојдневни предмети, бидејќи копчињата и патентите и се проблематични за ракување. Пробувањето кондури некогаш може да претставува предизвик, но успева да се снајде. Кога станува збор за спортот, единствено само не плива, но не поради ноктите туку поради фризурата.
Кога излгува меѓу луѓе, нејзините роднини и пријатели го расчистуваат патот за да не дојде до незгода. На жените кои им е тешко да пуштат нокти им советува да прејдат на вегетаријанска исхрана и да не пијат млеко и додатоци, но бомбоните и трпението се добредојдени.