Овен
Да и се доближиш не е лесно, затоа што таа не сака да биде избрана и тоа многу отворено го става до знаење, таа е онаа која ги избира партнерите, која одлучува и нејзината мора да биде последна. Вистина е дека сака да позира, има свои каприци и понекогаш поставува барања која ни сама никогаш не би ги исполнила. Сепак, омилена е кај спротивниот пол затоа што таа е како магнет кој привлекува.
Бик
Припадничките на овој знак се многу женствени. Сакаат да бидат мазени и чувани, а најмногу паѓаат на мажи со кои се чувствуваат сакано и убаво. За жените Бикови клишеа не постојат, па секое изненадување и знак на внимание во нејзините очи е голем плус. Тие мечтаат за стабилност и љубов и не се склони кон изневерување, но исто тоа го очекуваат и од партнерот. Сакаат елегантни и шармантни мажи со стил кои знаат што сакаат и како тоа да го остварат.
Близнаци
Жените Близнаци се толку живи што единствено им е важно партнерот да успее да го следи нивното темпо. Сакаат да бидат заљубени и тогаш се спремни на партнерот да му дадат баш се. Иако сакаат да кокетираат и да уживаат во машко друштво, кога ќе го пронајдат вистинскиот партнер тие не размислуваат за други мажи ниту за неверство. Многу им е важно партнерот да ги разбере, а довербата им е една од најважните сегменти од врската. Желни се за знаење, имаат фантастична смисла за хумор и обожаваат луѓе и друштво.
Рак
Многу чувствителни и интуитивни души, жените Ракови ќе ги привлече сочувствителен и романтичен маж. Припадничките на овој знак ги следат чести промени на расположението. Сакаат стабилност и ги привлекуваат самосвесни мажи. Со овој знак владее срцето и токму поради тоа се многу внимателни бавно влегуваат во сериозна врска. Но кога еднаш ќе го пуштат машот во својот свет, стануваат верни и врската ја сметаат за света. Врзани се за семејството и од партнерот го очекуваат истото.
Лав
Каде и да се појават пленат внимание. Зрачат со енергија и топлина што ги привлекува мажите, посебно оние моќните. Живи и позитивни Лавиците обожаваат да бидат заљубени и уживаат кога партнерот ги опсипува со скапи подароци и изненадувања. Во работата и животот тежат за стабилност, но во љубовта се спремни на се. Додека веруваат во партнеровата љубов ќе дадат се, но веќе кај првите знаци на несигурноста во верноста на партнерот, ќе бидат спремни за нови походи.
Девица
Перфекционистки кои од партнерот очекуваат да ја прифати оваа многу изразена особина. Нивната еднакво моќна особина е и чувствителноста. Кога се заљубат на својот партнер ќе му овозможат баш се. Тие ги паметат годишнините и важните моменти, па сакаат да припремаат мали и слатки изненадувања. Многу се интелигентни и стојат зад своето мислење, па тешко е да ги убедите во спротивното. Сакаат различни типови мажи, а главна особина им е во љубовта да не влегуваат само со срцето туку и со главата.
Вагa
Прв впечаток кои жените Ваги оставаат на мажите е беспрекорниот изглед кој се памети. Иако можеби на прва се арогантни и кога се во прашање мажите, избирливи, но овие жени имаат толку бистар ум да исто очекуваат и од мажите. Еднаш кога ќе се поврзат спремни се на партнерот да му понудат прекрасна љубовна авантура. Сакаат да зборуваат и во се бараат убавина и квалитет. Тие се романтични идеалистки кои, во потрага за својот принц, ќе скршат и по некое срце.
Шкорпија
Да запознаеш жена Шкорпија во потполност не е нималку лесена работа. Тие го сакаат својот мир и многу тешко пуштаат мажи во својот простор. Иако се зависни од љубовта, се плашат од разочарувања и неуспех од што се штитат со емоционални огради. Жените на овој знак во врската влегуваат полека и сигурно, а кога го пронајдат вистинскиот се многу верни, а кога станува збор за интима се многу страствени. Партнерот кој ја почитува и ја прави среќна, ќе биде среќен до крајот на животот, но неверството е нешто што овој знак го претворува во вистински војник.
Стрелец
Патници и авантуристки на кои промените не им се чудни. Имаат огромни животни апетити кои ги очекуваат и од својот партнер. Интелигентни и силни, што и да допрат во него внесуваат голема страст, поради што кај мажите ги привлекува онаа особина која тие ја немаат- приземност и реалност. Жените Стрелци сакаат згодни и физички привлечни мажи. Искрени личности, кои кога ја пронајдат вистинската љубов се спремни за стабилна, долга врска.
Јарец
Односот на овие жени спрема животот е реален. Сакаат постојаност и ги ценат само оние луѓе кои имаат извесни вредности во склоп со нејзините сваќања. Не е лесно да ги освоиш. Кај нив љубовта не може да наиде како гром од ведро небо. Ретко доживуваат голема љубов и попрво ќе останат сами отколку во површна врска. Но кога засакаат или подобро кажано, кога ќе одлучат тоа да го признаат ќе трае засекогаш. Кога се одлучи за некој да се врзе, тоа е за цел живот.
Водолија
Зад нивниот понекогаш ироничен став сепак се крие несигурност и недоволна самодоверба. Сакаат мажи кои ги исполнуваат ментално и тоа им е поважно од физичкиот контакт. Овој знак нема физички критериуми кај мажите затоа што секој пат може да ги привлече нешто друго. Многу се забавни и креативни, и пријателството, како со партнерот така и со најблиските, им е на прво место. Иако се спремни да сакаат, тешко ќе признаат дека се заљубени.
Риби
Плави и големи очи како океан создадени или да ги исполнат солзи радосници се обележја на жените Риби. Романтични и чувствителни сакаат да бидат заљубени- макар во теорија. Како нив владее Нептун, планета која управува со соништата и идеалите, повеќе од се сакаат да бидат освоени. Како се и сами изразено имагинативни, сакаат секој момент да го направат посебен и волшебен. Нивната креативност, нежност и емотивност ги прави посакувани партнерки, но токму тие квалитети можат да ги одведат во сопствен свет кој нема врска со реалноста. Еднакво така, можат да ги привлечат неконвенционални мажи т.е оние со изразена мрачна страна.