Внуката и се пожалила на бабата дека нејзиниот сопруг ја измамил – Нејзината мудрост и го променила погледот на животот

31 август, 20181
бб

Ова ќе ве натера да се замислите!

Една инспиративна приказна која се шири преку интернетот ќе ви покаже како треба да се справите со сите пречки што ви ги дава животот на својот пат.

Младата жена се пожалила на својата баба дека нејзиниот сопруг ја изневерил. Не знаеше како сето тоа ќе го преживее и сакаше да отстапи од се. Беше уморна од борбата. И се чинеше дека во нејзиниот живот секогаш се појавува нов проблем штом ќе реши некој стар.

Баба и ја одведе во кујната. Наполнила три тенџериња со вода и ги ставила на шпоретот. Во првото ставила моркови, во второто јајца, а во третото мелено кафе. Ги оставила да зовријат. По дваесетина минути го исклучила шпоретот. Ги извадила морковите, јајцата и кафето и ги послужила.

И се сврте на внуката и ѝ рече: Кажи ми што гледаш? моркови, јајца и кафе – одговорила внуката. Тогаш нејзината баба и рече да ги допре морковите. Го направила тоа и кажала дека се омекнати. Баба ѝ и кажа да земе јајце и да го скрши. Кога внуката ја извадила лушпата, го гледала тврдо вареното јајце.

На крајот, бабата побарала да отпие голтка кафе. Внуката се насмеала кога ја почувствувала нејзината богата арома. Тогаш ја прашала бабата: Што значи ова се? Бабата објасни дека секој од овие предмети се соочил со истата несреќа – со жешка вода. Секој реагираше поинаку.

Морковот влегол во вода силен, тврд и непопустлив, но откако бил изложен на жешките води, тој омекнал и станал слаб. Јајцето беше кршливо, неговата тенка лушпа ја штитела внатрешноста, но после престојот во врелата вода внатрешноста станала тврда. Сепак, кафето се однесувало единствено. Во текот на варењето ја сменила водата.

Што си ти? Кога лоша ситуација ќе затропа на твојата врата, како реагираш? Дали си ти морков, кафе или јајце? Размислете за ова. Што сум јас? Дали сум морков кој е визуелно силен, но кога ќе се соочи со болка станува мек и ја губи својата сила?

Дали сум јајцето кое се менува поради топлината? Дали после смрт, загуба, раскинување или некој друг несакан настан, станувам тврда, вкочанета, безживотна? Дали мојата лушпа од надвор изгледа исто, но одвнатре сум огорчена и имам тврдо срце?

Или сум како кафе? Кафето ја сменило водата, она што му предизвикало болка. Кога водата почнува да врие, кафето пушта мирис и вкус. Ако си како кафе, кога работите се најтешки, ти стануваш подобра и ја менуваш ситуацијата околу себе. Дали си ти таа која, кога е најтешко и проблемот е најголем, се издига на повисоко ниво?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *