Зошто во зима очите повеќе се сушат?

popara3 јануари, 20181min00
6

Веројатно сте забележале дека очите во зима повеќе се сушат, но дали знаете зошто ? Во воздухот има помалку влага отколку во текот на летните месеци. Причина е и преголемата разлика помеѓу надворешната температура и онаа во затворените простории. Американскиот офтелмолог др. Сузан Ресник вели дека најмногу проблеми имаат оние кои носат контактни леќи и тие би требало дома да користат навлажнувачи на воздухот.

Но, не се само зимските услови виновници за сувите очи. Постојат и други фактори. На пример, водоотпорната маскара и моливот за очи можат да предизвикаат проблеми. Моливот е опасен особено ако се нанесува на внатрешната линија на капаците затоа што таму се наоѓаат жлезди што можат да се затнат. Докторката Ресник предупредува и дека водоотпорната шминка врз база на масло остава траги што ги затнуваат порите и им штетат на очите.

Таа советува што помалку да гледаме во компјутер затоа што оние што предолго седат пред екранот трепкаат два пати помалку заради што очите не се подмачуваат доволно. Се препорачува секои 30 минути да го свртите погледот од компјутерот и околу две минути да гледате во далечина.

Доколку имате проблеми со суви очи, може да ви помогне и промена на начинот на исхрана. Избегнувајте алкохол и кофеини, внесувајте повеќе производи богати со омега-3 масни киселини како лосос, лен, ореви,…

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag