15 намирници со кои вашиот стомак (докажано) ќе биде рамен

popara13 март, 20191min00
cokolado

Доаѓа пролетта – време е да изгубиме се што се наталожило во текот на зимата.

Некои од намирниците на оваа листа нема да ве изненадат (на пример, авокадото и зелениот чај се познати по тоа дека помагаат за губење на тежината), но за оние на кои одрекувањето не им е силна страна, за утеха е фактот дека на листата се наоѓа темно чоколадо (кое е инаку богато со антиоксиданти), како и чили пиперките, кои покрај забрзувањето на метаболизмот, содржат капсаицин – ова всушност е нивна главна компонента, која што ги прави лути (но во исто време и го намалува апетитот!).

Уште едно изненадување се бананите, за кои луѓето честопати грешат, бидејќи мислат дека дебелеат затоа што се богати со шеќер. Сепак, бананите, како и лубеницата, се богати со калиум, кој ви помага во намалување на тежината. Особено е добро по конзумирање на солена храна да јадете храна богата со калиум, бидејќи ќе ви помогне да се ослободите од непотребните течности од телото. Од друга страна, ако чувствувате надуеност, ќе ви помогне мента.

Ова е листата на 15 те намирници кои ќе ви помогнат да имате рамен стомак каков од секогаш сте сонувале:

  • Јаткасти плодови (не кикирики)
  • Банани
  • Лубеница
  • Јогурт
  • Краставици
  • Папаја
  • Аспарагус
  • Мента
  • Чај од камилица
  • Темно чоколадо
  • Леќа
  • Чили пиперки
  • Авокадо
  • Бадеми
  • Зелен чај
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma