3 лесни фризури за средна должина на коса

popara15 март, 20191min00
репце

Косата врзана во ниско репче повторно станува популарна. Ако го поминувате денот на работа, извршувате домашни обврски или се подготвувате ноќно излегување, оваа флексибилна фризура изгледа одлично во секоја ситуација и на секоја жена. Обичното ниско репче понекогаш може да изгледа малку досадно. Еве неколку идеи за тоа како репот да стане модерна фризура.

Репче со волумен

Прво, натапирајте ја косата од половина теме и обликувајте ја со  вашиот чешел во полукруг. Косата измазнете ја со чешелот на врвот на полукругот, а потоа на тилот заврзете ја со ластиче за коса. Косата врзана во репче, разбушавете ја со прстите , а потоа прицврстете со лак за коса.

Натапиран реп

Подигнете ја косата над челото, по потреба малку натапирајте, залижете ја со чешел, а потоа врзете ја во ниско репче на лева или на десна страна. На крај, ставете лак за коса.

Репче обмотано со коса

Репчето ќе стане елегантнно со едноставен потег на обмотување коса околу ластичето за коса. Одделете еден прамен со дебелина на обичен молив, а остатокот врзете го со ластиче за коса. Праменот обмотајте го околу ластичето и прицврстете го со шноли за коса.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag