Актерката Пријанка Чопра има одлично чувство за мода, нејзините комбинации на облека се за чиста десетка. Вчера беше фотографирана на настан со аутфит кој е одличен за есенските денови.
Темнокосата актерка, со егзотична убавина, изгледаше прекрасно во здолниште и кошула со превртена кожа во есенски бои. Овој материјал никогаш не излегува од мода.
Очилата за сонце, интересните обетки и салонките изработени од ист материјал како здолништето, го зачинија овој ефикасно модно издание на 37-годишната Индијка.
Ваквиот стајлинг никогаш не излегува од мода и може да се носи во многу прилики, а крем бојата одлично им стои речиси на сите.
Во прилог на нејзиниот добар стил е фактот дека таа и нејзиниот сопруг Ник Џонас неодамна беа прогласени за најдобро облечени личности во 2019. година по избор на списанието „People“.