Францускиот актер Ален Делон (83) на филмскиот фестивал во Кан доби награда за животно дело.
Наградата „Palme d`Or“ на Делон му беше доделена за шестдецениската кариера, а му ја врачи неговата ќерка Анушка Делон, објави „Reuters“.
– Една работа за која сум сигурен и сум горд е мојата кариера. И оваа награда, која ми е доделена за животно дело, ме прави среќен, задоволен и исполнет – рече Делон.
„Ви благодарам на сите … Својата кариера всушност ја должам на жените кои се бореа за мене и ми овозможија да станам актер”, рече Алан Делон во Кан, меѓу другото. Делон својот прв филм го сними во 1963. година – тоа беше филмот на Лукин Висконти „Leopard“.