Поминаа пет години од хитот на Disney за злобната вештерка „Maleficent“. Сега пристигна продолжението „Maleficent: Mistress of Evil“, а на премиерата на филмот во Лос Анџелес, актерката Анџелина Џоли очекувано го украде целото внимание и ги воодушеви присутните со тематскара креација.
Таа дојде во друштво на нејзините пет деца, додека Медокс беше отсутен поради обврските на факултет.
Актерката најчесто носи црна боја, па не отстапи од тоа ниту оваа вечер. Црната елегантна креација на Versace со блескав материјал ги истакна тетоважите на Анџелина, а брошот во форма на скорпија и даде мистична нота на креацијата, баш во согласност со настанот.