Секоја жена се стреми за совршена кожа на лице, до која се доаѓа со соодветна грижа. Освен грижата, клучна улога во беспрекорниот тен има и здравата исхрана, но и еден чекор во beauty рутината, кој честопати неоправдано го занемаруваме, а на кожата и ги дава потребните свежина и сјај.
Многу жени не се свесни за важноста на пилингот и често го занемаруваат кога е во прашање beauty рутината. Сепак, пилингот ја стимулира регенерацијата на кожата, ги отстранува мртвите клетки кои се таложат на површината на лицето и ја подобрува циркулацијата, давајќи му на лицето свеж и буден изглед.
Затоа пилингот е незаменлив чекор во вашата beauty рутина, доколку сакате беспрекорен тен.
Одберете пилинг што нема силна, хемиска структура, или самите направете лесен, хранлив пилинг за темелно да ја исчистите кожата и да ја храните најмалку 2 пати неделно.
Експертите препорачуваат пилинг врз основа на мед, кој речиси одговара на секој вид кожа и длабински ја негува и храни, а потоа ќе имате беспрекорен изглед и тен како од сон.
Редовната употреба на пилинг ќе ги намали проблемите со митесери и акни, ќе го ублажи воспалението и ќе ја намали количината на себум. Покрај тоа, со користење на пилинг, длабински ја нгувате и храните кожата, и така секогаш ќе изгледа одлично.
Доколку имате многу чувствителна кожа, при изборот на адекватен пилинг, задолжително консултирајте се со дерматолог.