Жените обично се сметаат за пол што побрзо се вљубува и врзува, попрецизно, жените се тие кои малку полудуваат, ги опседнуваат своите партнери и стануваат посесивни … така велат мажите, но дали е навистина така?
Истражувањата покажаа дека овие тврдења и не се толку вистинити.
Денес девојките се многу порелаксирани, постудени и поумерени од мажите кои станаа понежни и повеќе се заљубуваат.
Едно истражување, кое вклучува 172 студенти, покажа дека мажите се оние кои прво изјавуваат љубов.
„Мислам дека жените неволно ја одложуваат љубовта кон мажите“, рече Мариса Харисон, предводник на истражувањето.
Резултатите покажаа дека мажите се заљубуваат во рок од неколку недели, додека на жените им треба малку повеќе.
Како можна причина научниците го споменуваат сексот, кој мажите често го изедначуваат со љубов.
Можеби жените се сметаат за помалку рационални кога станува збор за љубовта, бидејќи тие имаат поголем капацитет за обработка на емоционалните искуства.
Денес, се разбира, мажите покажуваат повеќе емоции отколку порано, додека жените се затворија во себе.