Кајли Џенер и Травис Скот ставија точка на врската, пренесуваат американските медиуми.
Кајли Џенер и Тревис Скот дефинитивно се разделија, пренесува TMZ.
Ријалити ѕвездата и популарниот рапер беа во врска две години, а во февруари 2018. година ја добија ќерката, Сторми.
„Не се видени заедно во јавноста повеќе од еден месец, односно од премиерата на неговиот документарен филм „Look mom, I can fly“ во август годинава. Тој и се придружи на нејзината роденденска прослава во август и тие се обидоа да ги решат несогласувањата, но не успеаја “, пренесува порталот.