Испуканите пети, освен што се естетски проблем, можат да предизвикаат и многу болка. Со овој домашен рецепт, стапалата брзо ќе станат меки и здрави.
Не треба да го игнорирате овој проблем, бидејќи ако не обрнете малку повеќе внимание, испуканите пети можат да предизвикаат разни инфекции.
За да кожата биде повторно здрава и убава, потребна е рутина која нема да ја прескокнете. Важно е да бидете трпеливи и да ги повторувате овие чекори секојдневно за трајно решавање на проблемот.
Познатата американска клиника го откри најдобриот домашен рецепт за лекување на испукани и суви пети.
Прв чекор
Негата започнете ја со нанесување на хидратантен крем барем два пати дневно, користејќи креми со погуста текстура. Некои хидратантни креми содржат состојќи кои омекнуваат и помагаат во отстранувањето на мртвата кожа како што се уреа, салицилна киселина и алфа-хидрокси киселина, што може да предизвика мало чувство на убод или иритација.
При изборот погледнете барем некои од овие состојки да се дел од составот на кремот што го избирате.
Втор чекор
Посветете им малку поголемо внимание на петите пред спиење.
Потопете ги нозете во честа вода околу десет минути. Потоа направете пилинг со груб сунѓер или камен за отстранување на сувата кожа. На крајот, нанесете мрсна крема на база на масло или вазелин, а потоа облечете тенки памучни чорапи кои ќе го забрзаат дејството на кремот.