Доделување на CFDA Fashion Awards: Џенифер Лопез, модна икона

popara5 јуни, 20191min00
j lo

Во Њујорк, беа доделени CFDA Fashion Awards, а ова беше уште една можност многу светски ѕвезди да заблескаат во најдобрите изданија.

Меѓу членовите на светскот џет-сет кои прошетаа на црвениот тепих беше и латино дивата Џенифер Лопез (49), која доби признание од модните Американски дизајнери за беспрекорен моден стил.

Лопез, за титулата знаеше уште во април, а наградата за модна икона на годината – CFDA, ја презема во долга портокалова сукња и топ со потпис на модната куќа, Ralph Lauren.

Наградата и ја додели модниот дизајнер Том Форд, а Џенифер пристигна во друштво на нејзиниот вереник Алекс Родригез (43), пензиониран бејзбол играч.

Светкавиот топ на Џеј Ло беше обложен со 43.200 кристали и го откриваше нејзиниот совршен стомак, за кој се заслужни напорните тренинзи и подготовки за улогата на стриптизета во филмот Hustlers.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag