Џастин Тимберлејк само што пристигна на ревија на модната недела во Париз со сопругата Jесика Бил беше нападнат. Само еден ден откако париската YouTube ѕвезда „истрча“ на пистата, украинецот Витали Седиук го нападна Џастин! Витали, кој претходно се обиде да го прегрне Бред Пит, да го бакне Вил Смит и да се влече под фустанот на една актерка, се фрли на подот и ја прегрна ногата на Џастин. Со брзата реакција на обезбедувањето, тој беше „тргнат“ од Џастин, кој изгледаше видно вознемирен на остатокот од настанот.