Иако пејачката и актерка Џенифер Лопез и поранешниот бејзбол играч Алекс Родригес, долгогодишната љубов планираа да ја заокружат со гламурозна венчавка, нема да има ништо од тоа. Пријателите на латино убавицата откриваат дека таа замислува друг тип на венчавка – интимна церемонија за најблиските луѓе, на која ќе присуствуваат само нивните деца од претходните бракови и остатокот од семејството.
– Тие нема да имаат голема венчавка, туку интимна церемонија. Најзначајната улога во свадбената церемонија ќе ја имаат нивните четири деца, тврдат нивните блиски пријатели за американското списание „People“. Лопез ги има 11-годишните близнаци Максимилијан Дејвид и Ема Марибел, а Родригес има две ќерки – 10-годишната Ела Александер и 14-годишната Наташа Александер.