Џорџина Родригез го искористи своето слободно време за да ги заврши последните предновогодишни подготовки, а моделот и сопруга на Кристијано Роналдо беше фотографирана на шопинг.
Таа беше во потрага по фустан за новогодишната забава, а папараците не ја пропуштија оваа можност да ги овековечат моментите кога беше во целосно опуштено издание и без тешка шминка, но и без тесните фустани кои прекрасно и стојат.
Таа ја надополни комбинацијата со патики, и се чини дека и било малку непријатно откако ги забележала фотографите.