Пејачката Дуа Липа, благодарение на светскиот хит New Rules, стана важнo име во музичката индустрија. Но, изгледа дека не секој е запознаен со тоа.
Имено, популарната водителка, Венди Вилијамс, стана шега на социјалните мрежи откако во еден пренос погрешно го изговори името на Дуа, нарекувајќи ја Дула Пип. И додека многумина ова го протолкуваа како провокација за младата пејачка, таа имаше поинакво мислење.
Во едно неодамнешно интервју, Дуа изјави:
„Мене ми е смешно, дури и моите пријатели почнаа да ме викаат Дула Пеп. Тоа ми се случуваше и кога бев мала, додека се селев од Косово во Лондон и назад. Се навикнав да ги корегирам луѓето кога се работи за моето име. Нека ме вика како сака. Секако наскоро ќе научи“.
Во оваа прилика, Дуа откри кој е најдобриот совет што го добила од постарите и поискусни колеги:
„Кога ја запознав Кети Пери, ми рече“:
„Се надевам дека не го пребаруваш своето име. Тоа го правев на почетокот на мојата кариера и секогаш се вознемирував кога ќе видев што пишуваат таблоидите за мене. Не проверувај, не читај, затоа што тие ќе те спречат да го правиш она што го сакаш.“