Петтата сезона на возбудливата серија „Black Mirror“, која ги освои гледачите низ целиот свет, наскоро ќе пристигне на малите екрани, а фановите се пособено возбудени околу една епизода во која се појавува Miley Cyrus. Продуцентите на серијата објавија дека епизодата е навистина сурова и емотивна и дека приказната на епизодата е тесно поврзана со животот на Miley, поточно со ликот Hannah Montana.
Епизодата го следи животот на поранешната тинејџерска пејачка, а продуцентите објаснија дека и самата Miley соработувала во пишувањето на сценарија и создавање на ликовите, а Miley додаде дека епизодата совршено ги покажува сите проблеми со кои секојдневно се соочуваат жените во музичката индустрија.
Можеме само да кажеме дека со нетрпение ги броиме деновите до 5 јуни, денот кога ќе пристигне новата сезона на Netflix.