Само еден месец нѐ дели од премиерата на новиот филм Lion King live-action и навистина едвај чекаме да видиме какви комбинации на облека ќе носат познатите ѕвезди на премиерата, но тешко дека некој ќе ја надмине комбинацијата инспирирана од Lion King во којa се појави Beyoncé на Wearable Art Galа за чија организација е одговорна нејзината мајка, Tina Knowles-Lawson.
За оваа прилика, Beyoncé се претвори во вистинска кралица на лавовите во Georges Hobeik трико со мотив на лавови, пердуви и раскошен мантил. Покрај Beyonce, на галата се појавија и останатите поранешни членови на Destiny’Child во подеднакво раскошни комбинации.