Откако латино дивата и Алекс Родригес се верија, гласините за неверството не престанаа, додека Џеј Ло не се огласи на оваа тема. Потсетуваме, пејачката неодамна изјави дека се навикнала на таквите гласини, но дека не сака да се оптоварува.
Сепак, скандалот во кој се најдоа Алекс и поранешната сопруга на американскиот фудбалер никао не стивнува. Плејбој моделот, 44-годишната Зои Грегори, тврди дека Родригес и праќал пораки пред да ја запроси Џенифер, како и дека и нудел секс во тројка.
Сепак, се чини дека сè тргна наопаку откако е запросена латино дивата, а сега во една емисија одлучи да го каже своето мислење.
– Знам што е вистина и го познавам Алекс. Тој, исто така, знае која сум јас. Едноставно сме само среќни. Нема да дозволиме другите луѓе да ни кажат каков е нашиот однос, бидејќи знаеме што имаме “, изјави Џеј Ло во радио-емисијата ” The Breakfast Club “.
Пејачката, исто така, додаде дека мора да ја стави точка на гласините и дека верува во љубовта со Родригес, а дали нивната врска ќе преживее, останува да видиме.