Само неколку дена откако раперот го објави својот план дека ќе се кандидира за претседател, пристигна конкуренција!
Ден Билзериан, „кралот на Инстаграм“, објави дека ќе се кандидира за претседател на Америка, исто како и Канје Вест.
Билзериан, оваа необична вест ја откри во еден натпревар во бокс, но на новинарите не им кажа кои би биле неговите планови кога станува збор за претседателската програма.
Американецот (38), кој има 29 милиони следбеници на Инстаграм, се прослави со видеата на кои се гледа неговиот луксузен животен стил. Тој постојано е на мета на осудувања за злоупотреба на животни, како и манекенки кои често му прават друштво.