Дуа Липа (24), пејачката родена во Лондон, која е со потекло од Република Косово, на доделувањето на АМА наградите се појави во друштво на Анвар Хадид (20), братот на познатите модели Џиџи и Бела Хадид.
Откако се заедно, многу пати ги видовме на папарацо фотографии како шетаат по улиците на Њујорк, но ова е првпат заедно да присуствуваат на некој настан.
Пејачката за оваа пригода носеше розев фустан, што не го одобрија модните критичари, пред се заради прилично досадната и излишна црна машна, како и поради правилото дека розовата боја не треба да се носи на црвениот тепих, а тука се многу дискутабилните црни чевли. И самиот избор на накит и маникир е прилично несреќен: Дуа беше многу смела со боите, но целокупниот впечаток беше едноставно лош.
Сепак, се чини дека Дуа не се грижеше за ништо друго освен за уживањето со нејзиното драго момче, бидејќи во еден момент тие изгубија контрола и почнаа да разменуваат нежности додека позираа.