Омилениот десерт!
Состојки:
- 4 мали пакувања пишкоти
- 5 јајца
- 250гр. шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 200мл. слатка павлака
- 400гр. кисела павлака
- 1 лажица кафе
- 250мл. вода
- чоколадо во прав или какао
Подготовка:
Соединете ги јајцата и шеќерот и згответе ги на пареа. Изладете ги. Изматете ја слатката павлака и додадете ја во предходниот фил и се заедно уште малку изматете. Додадете ја киселата павлака и се промешајте со лажица.
Сварете го кафето, оладете и исцадете.
Долниот дел од пишкотите потопете ги во кафе и наредете ги во соодветен калап приближно околу 20 x 30 см. Ставете го филот, а потоа повторно ставете ред пишкоти, па ова повторете го три пати. Посипете со чоколаден прав или какао.