Ирина Шајк (33) пред пет месеци му кажа збогум на Бредли Купер (44), со кого ја доби ќерката Лea, a од тогаш не се слушна ништо за нејзиниот љубовен живот. Се до вчера!
Руската убавица го посети модното шоу на својот пријател Рикардо Тиши, каде што беше специјален гостин и изгледаше прекрасно во крем одело што го искомбинира со светла нијанса на маслинесто зелена кошула.
Сепак, вниманието на медиумите се сврте кон вториот дел од вечерта, кога Ирина се дружеше со непознат маж со кого во еден момент и срдечно се гушкаше, а потоа во исто време го напуштија настанот.
Бидејќи претставниците на медиумите сè уште не утврдија за кого станува збор, британскиот „Daily Mail“ ги замоли читателите кои знаат кој бил мажот на фотографиите да ги контактираат и да помогнат во откривањето на идентитетот на пријателот на Ирина.