После сите семејни расправии и лоши јавни настапи, се чини дека сагата околу Меган Маркл, нејзиниот сопруг – принцот Хари и остатокот од кралското семејство, доби продолжение. Поточно, неодамна во медиумите се обелодени информациите дека војводата и војвотката од Сакесе ќе поминат шест недели во САД, а во склоп на таа посета планираат да го прослават Денот на благодарноста со мајката на Меган, Дорија Рагланд.
Но, се чини дека шестнеделното патување во Америка, војводата и војвотката може да го продолжат, со што би го избегнале и божиќниот собир со остатокот од кралското семејство со кое во последно време се повеќе се затегнати односите. Општо познато е дека кралицата Елизабета сака да го држи семејство заедно, но ако му веруваме на списанието „Hello!“, овој Божиќ ќе го поминат без Сасексови. Ако Хари и Меган навистина ја поминат оваа празнична сезона во Америка, ова би можело да биде особено болен Божиќ за кралицата, бидејќи таа не само што нема да ужива во друштвото на својот омилен внук, туку нема да присуствува и на првиот Божиќ на Арчи.
Потсетуваме, дека наводно до заладување на односите меѓу браќата е поради тоа што Вилијам не беше воодушевен од идејата Хари да се ожени со Меган. Вилијам, наводно, го предупредил Хари дека треба да ја забави и да почека за свадбата, на која неговиот помал брат не реагирал добро. Инаку, шпекулациите за напуштањето на Англија започнаа пред неколку недели, поради нарушување на приватноста од страна на медиумите. Хари одбива да дозволи судбината на неговата мајка да ѝ се случи и на неговата сопруга, војвотката од Сасекс.