Органско авокадо за повеќе енергија во текот на денот

popara1 октомври, 20191min00
avokado

Во есенските денови почнува сè повеќе да ни недостасува утринското сонце кое ни дава сила и ни помага да се одвоиме од креветот. За среќа, постои појадок што нè исполнува со енергија и ни дава мотивација за да станеме. Добрите масти наутро ни даваат енергија за целиот ден и ја одржуваат рамнотежата на нашите хормони, затоа во вашиот појадок вклучете ја една од најпопуларните и најхранливи намирници – свежо авокадо.

Авокадото кое е органски одгледувано е богато со квалитетни масти, витамини и минерали и се одгледува без употреба на вештачки ѓубрива, пестициди и штетни адитиви. Поради оваа причина, подобрo е за околината, нашето здравје, но исто така и повкусно. Започнете го денот со авокадо, органски и бесквасен леб со додаток од лимонов сок, сол и бибер, но запомнете – органското авокадо е најдобриот и најбезбеден избор.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma