Коди Ли (22), е слепо и аутистично момче од САД, кое сите нас успеа да нѐ остави без здив, како и членовите на жирито на шоуто America’s Got Talent, така и целиот свет.
На сцената се појави во придружба на неговата мајка Тина која објасни како Коди уште од детството ја обожава музиката и бидејќи таа го придружуваше до клавирот, момчето ја отсвири и отпеа песната „A Song For You“, со која ги подигна целото жири и публиката на нозе.
Сајмон Кауел (59), најстрогиот член на жирито, со воодушевување искоментира дека настапот бил извонреден.
– Твојот глас е фантастичен. Ќе се сеќавам на ова до крајот на мојот живот – му кажа со воодушевување на Коди.
Сепак, можеби најголемиот комплимент го доби од новиот член на жирито Габриела Унион (46), која одлучи да го притисне Златниот тастер, испраќајќи го директно во финалето.
– Јас сум нов член на жирито од оваа сезона, а исто така оваа година станав мајка. Затоа знам дека на вашите деца сакате да им ги подарите ѕвездите и Месечината, а вечерва јас ќе ви дадам нешто посебно “, рече таа пред да го притисне копчето.
Настапот на Коди на YouTube е прегледан преку 12 милиони пати.