Холивудската актерка фатена во ново издание.
Јessica Аlba (37) е фотографирана на улиците во Лос Анџелес на прошетка без шминка и во опуштено издание.
За разлика од колешките кои носат високи потпетици и надвор од црвениот тепих, Џесика се обидува да ги избегне колку што е можно повеќе и одбира рамни чевли.
Овој пат, таа прошета во модел на чевели со масивен ѓон, кој во моментов е нејзин фаворит.
Станува збор за чевли кои, даваат визуелен ефект како да носите штикли, но сепак многу поудобни. Некои луѓе ги нарекуваат „дебели“.
Иако на прв поглед тие не изгледаат баш најдобро, тие се добар избор за оние кои сакаат на својата фигура да и додатат некој сантиметар висина.
Инаку, ако се одлучите за овие чевли, како на холивудската актерка, ортопедите советуваат да одберете модели чиј ѓон е направен од лесна гума, бидејќи носењето тешки чевли лошо влијае на нозете.