Пилешко во најкремастиот сос: Ручек готов за половина час!

5 февруари, 20190
ручек

Овој брз рецепт е идеален за домаќинки на кои им доаѓаат ненајавени гости.

Состојки:

  • Околу 300-400гр пилешко бело месо
  • 50гр стопен маргарин
  • 5 лажици павлака
  • 1 лажица презла
  • 3 чешниња лук (може и повеќе доколку сакате)
  • Варен компир (во зависност од големината на садот за печење)
  • Вегета
  • Сол
  • Бибер (или некој зачин по желба)

 Подготовка:

  • Исечете го пилешкото бело месо на шницли.
  • Зачинете со сол или вегета.
  • Нанесете добро за убаво да апсорбира. По вкус, исто така, можете да додадете бибер за да добиете подобар вкус.
  • Земете го садот за печење и на дното ставете го компирот што претходно сте го излупиле и исецкале.
  • Потоа малку посолете или зачинете со вегета.
  • Одозгора редете го белото месо што го натопивте во стопениот маргарин.
  • Потоа ставете ја киселата павлака во сад и додадете презла, вегета, бибер и лук. Се ова убаво измешајте и ставете го врз пилешкото.
  • Од кога ќе ја нанесете павлаката, размачкајте ја и подготвено е за печење
  • На почетокот ставете фолија над садот за да не се запече веднаш.
  • Се пече околу 30 минути.
  • Пред крајот на процесот на печење, отстранете ја фолијата за да се потпече и добие убава боја.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi