Среќата ја пронајде со друг Harry.
Манекенката и актерка Cressida Bonas, на јавноста позната како поранешната девојка на принцот Harry, наскоро ќе застане пред олтар. После несудената љубов со принцот, среќата ја пронајде со агентот за недвижнини Harry Wentworth-Stanley. Токму тој ја потврди среќната вест на својот Instagram профил.
Новопечените вереници на фотографијата се слатко насмеани, а на раката на 30 годишната Британка блеска голем веренички прстен. Двајцата се познаваат долго време, а интересно е што биле заедно и пред моделот да биде во врска со принцот. Потсетуваме дека принцот Harry и Cressida беа во врска уште од 2012. година, а многу обожаватели за време на нивната романса шпекулираа дека таа можеби би била таа што принцот ќе ја однесе пред олтарот.
Сепак, после две години, тие одлучија да се разделат. Наводно, причината за раскинувањето бил притисокот од јавноста, но и од кралското семејство, што во никој случај не одговарало на привлечната русокоса. Таа не тагуваше долго по разделбата, а пред две години ја обнови врската со агентот за недвижнини. Таа остана пријателска со принцот, за што сведочи и фактот дека таа беше гостинка на неговата свадба.