Ламар Одом, поранешниот американски кошаркаркар најпознат по врската со риалити ѕвездата, 35-годишната Клои Кардашијан, ја запроси новата девојка, Сабрина Пар. На својот Instagram профил, 40-годишната атлетичарка се пофали за својот нов вереник, како и за нејзиниот огромен веренички прстен.
„Ви ја претставувам мојата нова вереница, наскоро г-ѓа Пар-Одом. Таа е вистинската “, напиша Ламар под фотографијата на која се гледа насмеаната Сабрина (32), по професија фитнес тренер. Двојката реши да застане пред олтар по само три месеци врска. За Ламар, брзите решенија за брак не се чудни, бидејќи тој на својата поранешна девојка Клои во 2009. година судбоносно прашање и го постави и за многу пократко – по помалку од еден месец врска. Тие се венчаа во 2009. година и нивниот брак заврши после четири години, поради неговото неверство и борбата со зависности. Тие официјално се разведоа три години подоцна.
Изгледа дека турбулентниот период за кошаркарот е минатото и се чини дека ја нашол жената од неговиот живот. Неодамна, во едно интервју, тој зборуваше за неговата врска. „Мислам дека болката ги привлекува жените, болката низ која минував“, рече Одом во тоа време, но Сабина имаше спротивно мислење. „Тој никогаш не бил во состојба да биде нечиј сопруг. Тој беше болен, требаше да се излечи, требаше да тагува. Тој мина низ многу загуби и никогаш не се справи со нив “, рече неговата 32-годишна вереница.
Откако Клои и Ламар се разделија, секој тргна по својот пат. Кошаркарот тогаш започна со рехабилилитација, додека риалити ѕвездата целосно се посвети на промена на нејзиниот имиџ.