Пицата во шолја е еден од најбараните рецепти, и тоа затоа што е многу едноставен. Иако е невообичаен на прв поглед, овој метод на подготовка ќе ве воодушеви!
Состојќи:
- 4 лажици брашно
- прстофат сол
- прстофат прашок за пециво
- прстофат сода бикарбона
- 3 лажици млеко
- 1 лажица маслиново или сончогледово масло
- 1 лажица доматен сос
- шака изрендан кашкавал
- неколку парчиња шунка, колбас или прилог по желба
- оригано или зачин по желба
Подготовка:
Во голема шолја ставете го брашното, а потоа додадете сол, прашок за пециво, сода бикарбона и добро измешајте. Потоа додадете млеко и масло, повторно промешајте и – тестото е направено!
Подмачкајте ја основата со сос од домати и врз неа ставете рендан кашкавал. Потоа, наредете ги парчињата од шунка / колбас и зачинете со оригано.
Подготвената пица ставете ја во микробранова печка и печете неколку минути, во зависност од јачината на температурата.
Важна напомена:
Приборот за готвење храна во микробранови печки треба да биде изработен од материјал кој пропушта микробранови. Во овој случај, користете порцеланска шолја која нема метални додатоци.