Рецепт по кој полуде целиот интернет: Најбрзата ПИЦА во шолја – готова за само 2 минути!

17 декември, 20190
Capture

Пицата во шолја е еден од најбараните рецепти, и тоа затоа што е многу едноставен. Иако е невообичаен на прв поглед, овој метод на подготовка ќе ве воодушеви!

Состојќи:

  • 4 лажици брашно
  • прстофат сол
  • прстофат прашок за пециво
  • прстофат сода бикарбона
  • 3 лажици млеко
  • 1 лажица маслиново или сончогледово масло
  • 1 лажица доматен сос
  • шака изрендан кашкавал
  • неколку парчиња шунка, колбас или прилог по желба
  • оригано или зачин по желба

Подготовка:

Во голема шолја ставете го брашното, а потоа додадете сол, прашок за пециво, сода бикарбона и добро измешајте. Потоа додадете млеко и масло, повторно промешајте и – тестото е направено!

Подмачкајте ја основата со сос од домати и врз неа ставете рендан кашкавал. Потоа, наредете ги парчињата од шунка / колбас и зачинете со оригано.

Подготвената пица ставете ја во микробранова печка и печете неколку минути, во зависност од јачината на температурата.

Важна напомена:

Приборот за готвење храна во микробранови печки треба да биде изработен од материјал кој пропушта микробранови. Во овој случај, користете порцеланска шолја која нема метални додатоци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi