Сакаше да се ожени со неа, но… Преубавата русинка го остави Џони Деп само поради оваа причина

popara19 ноември, 20192min00
jd

Кон крајот на април, започнаа гласините дека холивудскиот актер Џони Деп повторно е во вљубен, и тоа во младата танчерка  Полина Глен од Русија.

Тие се запознале на забава во 2018. година, а на почетокот на 2019. година парот е виден како се забавува во Белград. Танчарката и кореографка, која е во средината на дваесеттите години, тогаш се пресели во неговата вила на Sunset Boulevard.

Приказните за новата двојка отидоа толку далеку што се шпекулираше дека Деп сака да се ожени со неа, но потоа се случи пресврт. Полина, наводно, се оддалечилa од неговиот живот поради големиот медиумски притисок.

Поконкретно, според пишувањето на „Daily Mail“, танчарката веќе ги собрала своите работи од неговата вила, а таа им признала на блиските пријатели во Санкт Петербург дека медиумските притисоци околу Џони премногу ја исплашиле и само сакала да се тргне од сето тоа.

Потсетуваме, актерот последните неколку години го привлекува  медиумското внимание поради краткиот и див брак со актерката Амбер Херд, а по разводот се расфрлаа грди обвинувања од обете страни, а особено од нејзина страна. Русокосата заводничка тврдеше дека нејзиниот поранешен сопруг ја злоставувал ментално и физички, особено кога тој бил пијан, а и тој упати слични обвинувања на нејзина сметка.

Тој тврдеше дека таа го користи само за слава и пари, и дека таа често била насилна кон него, а за време на една расправија таа му изгасила цигара на лицето. Случајот во моментот е на суд и актерката се обидува да докаже дека Деп претходно бил насилен, и покрај тоа што неговите поранешни партнерки Ванеса Паради и Винона Рајдер јавно застанаа на негова страна.”

„Џони има многу проблеми со својата поранешна сопруга, а потоа одеднаш се запознава со прекрасна танчерка која не сака ништо од него, а воопшто не знаеше кој е тој. Тие се запознаа на приватна забава каде што Џони љубезно и пристапи”, откри извор близок до актерот, а Џони никогаш не го коментираше неговиот однос со Русинката.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag