Францускиот мултимилионер Франсоа Пино и сопруг на познатата холивудска актерка, Салма Хајек, кажа дека ќе донира 100 милиони евра за реконструкција на симболот на Париз – катедралата Нотр Дам, кој во понеделникот попладне речиси изгоре до темел.
Бизнисменот Франсоа Анри Пино во 2009. година се омажи со познатата актерка. Тој е раководител на корпорацијата Kering, која ги поседува брендовите како што се Gucci и Yves Saint Laurent
Откако францускиот претседател Макрон повика на собирање на средства за реконструкција на познатата катедрала, Пино одлучи веднаш да одговори.
Салма и Пино се венчале во непосредна близина на Нотр Дам во Париз и живеат недалеку од познатата катедрала, па затоа можеме да претпоставиме дека оваа трагедија ја доживеале многу лично, па затоа сакаат активно да учествуваат во реконструкцијата. Салма, исто така, се огласи на социјалните мрежи, а под објавата му порача на Париз – „Те сакам“.