Но, само ако и вие сакате (нормално)
Иако веќе е 2019. година, сè уште целосно не сме ги совладале старомодните правила за тоа како не треба да имаме секс пред третиот состанок. Сега можете да превртувате со очите колку што сакате, но факт е дека стигматизацијата на сексот и сексуалноста сè уште не е решена.
„Луѓето честопати се обидуваат да ги избегнат осудувањата и срамот за сексот што е надвор од границите на она што сметаме дека е прифатливо“, објаснува сексуалниот експерт и психолог Шенон Чавез. Затоа, ако се прашувате дали треба да имате секс, запрете во истиот момент! „Треба“ да го правите токму она што вие мислите дека ви треба или сакате да го направите. Не постои универзално правило кога е вистинското време за секс, како ниту еден точен одговор на прашањето „Дали е во ред да се има сексуален однос на првиот состанок?” Испревно е во тој момент кој вие го сметате за точен.
Затоа навалете (ако тоа го сакате)!
„На крајот, сè се сведува на прашањето – што вие сакате и што очекувате. Добро е однапред да размислите дали сексот за една ноќ е за вас или не, пред да доведете во таква ситуација“. вели Ванес Марин, сертифициран сексуален советник и заклучува: „Не постојат посебни правила!“
Една од причините зошто треба да пробате секс на првиот состанок е поради чувството на возбуда и слобода. „Таквата одлука може да ви помогне да ги срушите сопствените предрасуди, да заборавите на срамот поради нешто од минатото и да ја зголемите самодовербата”, тврди Шенон Чавез.
Да, и понатаму ќе бидете „материјал за девојка“
Ако се одлучите за секс на првиот состанок, тоа не би требало да влијае на иднината на вашата врска. Голем број луѓе завршуваат и остануваат заедно по сексот на првиот состанок, па затоа не дозволувајте некој да се обиде да ве убеди во нешто друго. Сепак, би било добро кога однапред ќе ги потврдите вашите очекувања (дали сакате врска, или само секс за една ноќ), за да нема недоразбирање подоцна.
Сигурноста е на прво место
Никогаш немојте да спиете со некој кој не сака да користи заштита или да ве информира за сопственото интимно здравје. „Обрнете внимание на она што ви кажува интуицијата, обично интуитивно знаеме дали личноста е таква како што се претставува, пред свесно да дојдеме до тој заклучок“, рече Чавез, додавајќи: „Исто така, не треба сексот да го користите за да постигнете некаква цел (на пример, за да му се допаднете на некому повеќе)“.