Според истражување на Американското национално здружение за слатки, спроведено на 5.000 лица, луѓето кои секојдневно се засладуваат со бисквити, чоколадо или десерт, немаат поголем ризик од срцеви заболувања, дијабетес или дебелина во споредба со оние кои се ќе се почестат само еднаш неделно. Научниците не открија никаква врска помеѓу редовното консумирање на слатки и лошата здравствена состојба, пренесува Daily Mail.
„Индексот на тежина не е поврзан со тоа колку често некој јаде благо, туку со вкупниот внес на калории во текот на денот. Умереноста е, секако, круцијална и постои разлика меѓу оние кои секој ден јадат мало чоколадо и оние кои јадат големо чоколадо “, рече нутриционист Мери Марфи.
Тaa додаде дека не постои врска помеѓу секојдневните слатки и високото ниво на холестерол. Истражувањето покажа дека повеќето луѓе се гурмани и само околу 4% од нив не го сакаат вкусот на чоколадо и сличните слатки.
Според податоците од американскиот институт, слатките сочинуваат само околу 2% од вкупниот внес на калории, т.е. околу 44 калории на ден. Споредено со нив, заситените маснотии, брзата храна и соковите се многу поштетни за здравјето и дебелината, тврдат нутриционистите.