Кога станува збор за нејзиниот приватен живот, актерката Зое Кравиц не сака многу да зборува, па затоа не е изненадува тајната венчавка.
Имено, иако најави дека таа и нејзиното момче ќе се заколнат на вечна љубов во јуни, изгледа не можеше да чека па тоа го направи порано.
Како што пишува „Harpers Bazaar“, тие се венчале на интимна церемонија, а во наредните месеци ќе организираатт поголема прослава за останатите пријатели и семејствата.
Тие се забавуваат од 2016. година, а Зои минатата година во октомври откри дека е верена.
– Со него сум целосно опуштена, можам да бидам она што сум. Многу е релаксирачки кога со некого можете да бидете толку слободни и свои “, кажа актерка во една прилика.