Иако помина помалку од една година од избувнувањето и ширењето на коронавирусот, научниците од целиот Свет вршат мали истражувања, внимателно ги следат и анализираат постојните податоци за да научат што е можно повеќе за новиот вирус. Така, благодарение на досега собраните податоци, тие открија кои симптоми откриваат дека веќе сте заболеле од ковид или сте го преболеле.
Научниците од британскиот универзитет во Оксфорд неодамна објавија студија која покажа дека повеќе од половина од луѓето кои се отпуштени од болница откако заболеле од ковид-19, во следните два до три месеци имаат симптоми како што се отежнато дишење, замор, анксиозност и депресија.
Откриено е дека кај некои пациенти, по инфекција со коронавирусот, тие развиле абнормалности во неколку органи, и дека за некои, продолженото воспаление создавало здравствени проблеми со месеци. 64 проценти од пациентите страдале од отежнато дишење, а 55 пријавиле постојано чувство на замор.
Иако ова истражување сè уште не го поминало стручниот преглед на други научници, експертите посочуваат дека тоа е важен чекор кон сеопфатен третман на пациентите.
Но, пациентите биле следени подолго време, како и нивните симптоми по отпуштањето од болницата или по завршувањето на домашното лекување. Здружението за поддршка на пациенти со ковид ги пријави 10-те најдолготрајни симптоми на ковид и процентот на пациенти кои ги пријавиле:
1. Замор – 100% од пациентите
2. Болка во мускулите – 66,75%
3. Отежнато дишење и скратено дишење – 65,10%
4. Тешкотија во концентрација и фокусирање – 58,97%
5. Неможност за вежбање и воопшто физичка активност – 58,56%
6. Главоболка – 57,56%
7. Тешкотија при спиење – 49,90%
8. Анксиозност – 47,61%
9. Проблеми со меморијата – 45,56%
10. Вртоглавица – 41,86%