Сите се имаме најдено во ситуација кога љубовната врска доживува криза, но ова се неколку показатели во однесувањето на вашиот партнер кои ќе ви помогнат да решите дали да и ставите крај на врската.
1. Бара од вас големи животни промени
Давање коментари за фризура која му се допаѓа или коментирање за времето кое го минувате во играње игрици е едно, но ако вашиот партнер бара од вас да промените клучни работи- кариера, религија или ставови кои се важни за вас, тоа е сериозен аларм.
2. Ви ги бара лозинките
Тајните помеѓу партнерите може да се лоши за односот, но тоа не значи дека немате право на приватност. Ова особено се однесува на вашите профили на социјалните мрежи. Довербата е темел на секоја здрава врска со почитување.
3. За се инсистира на 50-50
Едноставно не постои поделба на два еднакви делови во бракот или врската. Успешните парови знаат дека некогаш повеќе треба да се жртвува едната страна, некогаш другата. Ништо не ја убива љубовта повеќе од броењето со математичка прецизност на тоа кој кога треба да ги измие чиниите или да исчисти.
4. Бара да чувате грозна тајна или да го криете
Тука станува збор за криење на големи работи, како илегални или неморални, а не да го покриете ако не сака да дојде на ручек кај родителите. Неправедно е партнерот да ве доведе до степен да треба да одберете помеѓу љубовта или исправната одлука.
5. Премижување на афери
Невертвото врз партнерот, макар и само еднаш, претставува убиец на врската. Низ оваа криза може да се помине ако партнерот сака заеднички да поминете со помош на терапија, но ако бара од вас едноставно да му простите бидејќи кажал дека му е жал, тоа е смрт за врската.
6. Да ја напуштите работата
Некои мажи својата машкост ја дефинираат доколку станат хранители во врската. И ако за некои парови ова функционира, за некои не- доколку тој инсистира да ги скратите вашите таленти, способности или професионални планови.
7. Притисок за сексуални игри кои не ви се допаѓаат
Сексот е толку интимен чин , а вашиот партнер секогаш треба да ги почитува вашите желби и потреби во спалната соба- тоа значи неприсилување на нешто што не ви се допаѓа или не ве интересира. Ако партнерот ве присилува на нешто за кое сте кажале “не”, тоа значи дека тој не ве почитува и дека своите сексуални потреби ги става над вашата удобност и сигурност.
8. Ви забранува да разговарате за некоја тема
Без разлика дали се работи за вашата мајка, поранешен партнер или нешто друго, сите имаат тешки теми за кои не би сакале да зборуваат. Но избегнување на разговор за важни работи кои влијаат на вашата врска може да биде многу штетно, особено ако партнерот ви го одзема правото на ваши чувства.
9. Ве присилува да трпите непочитување од семејството
Без разлика дали станува збор за вашето или неговото семејство, никој не би требало да трпи непочитување, а ниту еден партнер кој ве сака не треба да го поддржи тоа, напротив, треба да ве штити.
10. Бара да прекинете пријателство
Вашиот партнер може нема да ја сака ниту вашате сестра, а не пак најдобрите пријатели/пријателки. Но сепак, тој треба да ги почитува заради вас. Партнерот никогаш не треба да ве доведе до ситуација да треба да одберете помеѓу него и вашите пријатели.
Наместо тоа, може да ви ги каже неговите чувства и размислувања за тие луѓе доколку влијаат негативно на вас, но крајната одлука за тоа кој ќе остане во вашиот живот е само ваша.