Одредени раси се ценети и добро познати по нивната заштитна природа која е најистакнатa кога го штитат својот дом и семејството. Ако сакате да имате лојален и бестрашен животен придружник, кој, доколку е потребно, ќе може да го заштити вашето семејство, изборот на следните десет раси на кучиња ќе биде непогрешлив. Запомнете дека овие кучиња ќе ви бидат најверни пријатели, но обезбедете им соодветна обука така што нивната заштитна природа да не прерасне во агресија.
Германски Овчар
Ценети и добро познати како полициски и воени кучиња, германските овчари се одлични чувари кога станува збор за нивните сопственици. Одгледани да се грижат за овците, оваа голема, интелигентна раса има вродена заштитна природа и лојалност. Германските овчари лесно се чешлаат, сакаат да бидат активни, но знаат и да се релаксираат. Наспроти универзалното верување, тие се добри и со децата.
Ротвајлер
Еден поглед на моќната мускулатура на ротвајлерот ќе го тргне крадецот далеку од вашиот дом. Најстариот од расите кои биле одгледувани за собирање стада, ротвајлерот е целосно лојален на своето семејство и е сомнителен према странците сè додека не ги запознае. Како и германските овчари, ротвајлерите сакаат да бидат активни, а заради нивното кратко крзно, тие лесно се чешлаат. Тие се познати по својата територијална природа, па затоа верно ќе го заштитат својот дом од непоканети натрапници.
Доберман
Ако го сакате најдоброто чувар куче, паметно, силно и атлетски изградено, доберманот би бил вистинскиот избор. За само неколку минути поминати со доберманот можете да видите колку се интелигентни и активни. Појавата на доберманот е застрашувачка за многумина, но со соодветен тренинг, една од најопасните раси ќе стане вашиот најлојален животен придружник. Доберманите се познати и по својот долг животен век.
Булмастиф
Вкрстувањето на булдогот и мастифот – булмастифот, првично бил одгледуван во Англија за пронаоѓање на ловските стапици. Ако крадецот успее да пробие во куќата ќе наиде на масивно и моќно куче кое ќе го сруши на подот и нема да му дозволи да стане се додека не пристигне помошта. Булмастифите се познати по тоа што се исклучително паметни, смели и беспрекорно лојални кучиња.
Американски Стафордски Териер
Можеби изгледа малку обемно и набиено, но стафордот има моќна сила да го брани своето семејство кога е потребно. Покрај тоа, американскиот стафордски териер бил познат во минатото како кучешки дадилки за мали деца. Кога ќе се поврзе за човекот, стафордот без сомнение ќе го сака до крајот на животот и тој човек ќе биде центарот на неговиот свет.
Кувас
Поради своето бело „флафи“ крзно, ова куче може да изгледа потполно благо и безопасно, но прекрасните кувас се фалат со својата одлучност и крајно заштитна и територијална природа. Фактот дека кучето се одгледува да ги брка животните предатори како волци и мечки зборува многу за тоа колку е силно и бестрашно. Со правилно воспитување, кувасите ќе ја покажат и другата страна од својата природа – слатка и опуштена.
Акита
Една од оние раси што не се препорачува за луѓе кои претходно немале куче. Акита е тивко, но многу заштитнички настроено куче. Тој е многу силен и треба да се биде претпазлив кога е во близина на деца. Најдобро е да го земете како мало кученце и веднаш да започнете со обука за послушност. Оваа јапонска раса одгледувана за лов е исто така специфична по тоа што може да биде тивка и неприметлива во куќата и исклучително пријателски расположена, но исто така и претпазлива.
Голем Шнаузер
Доминантна и приврзана раса, големиот шнаузер има огромна енергија што копнее по човековото друштво и брзо ќе реагира ако треба да го заштити своето семејство. Сопственикот на големиот шнаузер мора да му дозволи на своето милениче многу физичка и ментална активност за да го спречи да не се досадува и да не стане деструктивен.
Родезиски Риџбек
Првично одгледуван како бестрашен ловец на лавови, родезискиот риџбек е многу интелигентен и нежен кога е со семејството и станува лојален заштитник ако на луѓето им се заканува опасност. Родезискиот риџбек е исклучително добар со децата – во Африка оваа раса се одгледувала да ги чува и заштитува децата додека родителите не биле присутни.
Шкотски Овчар
Најпознатиот шкотски овчар во светот е Леси од истоимениот филм и сите ја знаеме лојалноста што ја покажа во тој класик. Шкотскиот овчар е мирно куче кое ретко покажува знаци на агресија, освен кога чувствува дека неговото семејство има потреба од заштита. Тој е исто така познат како една од најинтелигентните раси во светот која лесно се тренира. Покрај тоа, оваа убава и пријателски настроена раса добро се здружува и снаоѓа со децата.