10 ситници кои жените ги сакаат повеќе од романтични гестови!

popara5 мај, 20202min00
романтика

Секогаш постојат оние неколку мали работи кои би можеле да ги направиме за нашата сакана половина за да и го разубавиме денот.

Ова се 10 ситници кои жените ги сакаат кај мажите. Иако се нарекуваат “ситници”, тие многу значат за врската.

1. Кога раскреваат

Кога жената ќе се врати дома по долг и стресен ден, измиени садови и чиста кујна може нема да биде најгламурозниот подарок, но е подарок кој ќе ја направи среќна.

2. Кога зборуваат за своите чувства

Емоционалната зрелост е важна. Зрелост е да зборувате за своите чувства, за тоа што ве мачи и жените од своите партнери го очекуваат тоа- да бидат искрени и отворено да разговараат.

3. Кога ги носат на состанок

Најубаво е времето да го поминувате во топлината на домот, но секоја жена сака повремено изглегување кое не е поврзано со годишнина, роденден или сличен повод. Доколку сепак се чувствувате најубаво дома, и домот можете да го претворите во место за романтична вечера.

4. Кога ги смеат

Многу жени ја наведуваат смислата за хумор како една од најдобрите карактеристики кај партнерите. Не за џабе се вели дека смеењето е лек, а жената која крај себе има партнер кој често и мами насмевки на лицето, ќе му биде вечно благодарна.

5. Кога слушаат внимателно

Жените сакаат мажи кои знаат да слушаат, тоа дури и науката го потврдила. Тие од партнерите не бараат решение за своите проблеми, но ги ценат оние кои сакаат да ги слушнат за она што ги мачи или радува.

6. Кога готват

Сите сакаме да бидеме изненадени со убав оброк, а изреката дека љубовта доаѓа од стомакот вреди за сите пари.

7. Кога го гледаат тоа што го гледа и таа

Сите ние имаме вкусови кога е во прашање музиката, филмовите, сериите… И не мора секогаш да се имаат исти вкусови, но кога партнерот или партнерката ќе ви се придружи во гледање на барем една епизода, со тоа покажуваат интересирање за вашиот живот.

8. Кога брзо одговараат на порака

Доколку одговориме брзо на порака, без одолговлечување, со тоа покажуваме дека ни е важна комуникацијата, а другата страна тоа знае да го цени.

9. Кога и даваат до знаење колку им се допаѓа

Колку и да звучи смешно, прекрасно е кога партнерот ќе ве покани да танцувате на песна што ви значи на двајцата.

10. Кога се поддршка

Поддршката од партнерот многу им значи на жените. Многу е важно да ја поддржувате и да и помагате, за мали или големи работи.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag